Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Две дози вакцина во Македонија примиле скоро 300.000 граѓани

Две дози вакцина во Македонија примиле скоро 300.000 граѓани
300x250 opst2

Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 5.401 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.821 граѓани.

Со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од МЗ велат дека голем е интересот за вакцинација без закажан термин.

Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во Здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ