Утрински Весник
Македонија

Две дози вакцина во Македонија примиле 107.648 граѓани

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Две дози вакцина против коронавирус во Македонија примиле 107.648 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 239.283 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.995 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани“, соопшти МЗ.

Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што велат од таму, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Сѐ уште активен пожарот во Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето 

Затворен граничниот премин „Меџитлија“ поради пожар

Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв