Утрински Весник
Македонија

Две деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Струмица, 29 јуни 2020 (МИА) – Денес во 15:15 часот две деца на возраст од 14 и 15 години го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи на мост на реката Струмица, на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврди портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Според првичните сознанија, тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар мртвопроверител, а по констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција! 

Плаќајте паркинг навреме: Штип воведува „паметна“ контрола со мобилни патроли

САД и Македонија го отворија Стратешкиот дијалог: Потврдена силната соработка во рамки на НАТО