Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон: Восочниот задник на Клои Кардашјан е неверојатен

Двејн Џонсон и Клои Кардашјан сега се соседи во музејот на восочните фигури „Мадам Тисо“ во Лас Вегас.

Во видео објавено на „Тик-ток“ пред два дена актерот застана во барот „Теремана“ како дел од музејот за да наздрави за својата нова восочна фигура. Потоа им го покажа на своите фанови, а реши да покаже и нешто друго.

„Треба да ве запознаам со мојот сосед“, рече актерот од Red Notice свртувајќи ја камерата кон фигурата на Клои, облечена во боди од тантела и избледени фармерки.

„Погледнете го ова, луѓе. Изгледаме кул заедно, нели?“, рече тој и ја подигна веѓата во својот препознатлив стил.

Набргу се пожали дека на неговата фигура ѝ недостига материјал во пределот на задникот, па побарал од вработените во музејот „да му дадат уште малку глутеус“.

„Дајте ми глутеус како нејзиниот“, им рекол.

Видеото го видела и Клои Кардашјан и, како што открила, плачела од смеа. Изгледа дека сум во одлично друштво. Нè наместија“, напиша таа на „Инстаграм“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста