Утрински Весник
Свет

Два смртни случаја и 59 новозаболени во Црна Гора

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени уште два смртни случаја и 59 заболени од коронавирус.

Од почетокот на јуни починале 19 лица.

Во последните 24 часа направени се 372 теста. Повеќето од новозаболените се од Подгорица.

Бројот на активни случаи е 1.618, а вкупниот број на тестирани е 28.591.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно да се борат против САД

Австрија ги одбила сите американски барања за воени прелети