Утрински Весник
Свет

Два послаби земјотреси во Хрватска-едниот кај Риека, другиот кај Петрињe

Два послаби земјотреси во Хрватска-едниот кај Риека, другиот кај Петрињe

Два послаби земјотреси, со јачина од два степени според Рихтеровата скала, ја потресоа Хрватска во текот на ноќта.

Прво, кратко по полноќ, е регистриран земјотрес на 15 километри западно од Петриње.

Потоа, во 02:43 часот, бил почувствуван земјотрес во областа Риека, со епицентар во областа Платак, јавува хрватски Н1.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил на два степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 15 километри северо-источно од Риека.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата