Утрински Весник
Македонија

Два нови случаи со Ковид-19 во Струмичко и Валандовско

Два нови случаи со Ковид-19 во Струмичко и Валандовско
Dik 300x250 mk

Струмица, 10 јуни 2020 (МИА) – Двајца мажи на возраст од 37 и 40 години од Струмичко и Валандовско се заразени со Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Првиот е од селото Банско, општина Струмица, а вториот е од селото Балинци, општина Валандово, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

-Со едниот веќе се воспоставени контакти и е извршено епидемиолошко мапирање. Тој и неговите контакти се ставени во изолација, а со другиот новозаразен од селото Банско, кој се тестирал во болницата „Систина“, во тек е воспоставување на мерките и протоколите. Нивната здравствена состојба засега е добра, рече директорот Витанов.

Додаде дека се извршени тестирања на единаесетте мигранти од Пакистан и возачот кој ги превезуваше. Тие учестуваа во тешката сообраќајна несреќа што се случи завчера на патот Струмица-Радовиш во која загина едно лице и осуммина беа потешко и полесно повредени. Резултатите за мигрантите ќе се знаат утре, а возачот на автомобилот, Е.С.(55) од Скопје, е негативен на тестот.

Досега во Струмичкиот регион од последици од коронавирусот почина едно лице, а неколкумина беа инфицирани, но успешно се излекуваа. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра