Утрински Весник
Спорт

Два гола на Пандев – Џенова го победи Наполи

Два гола на Пандев – Џенова го победи Наполи

Фудбалерите на Џенова забележаа голема победа над Наполи во 21.коло, во Серија А. Головите во победата 2:1 за Џенова ги постигна Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација одигра 67 минути, додека неговиот колега од репрезентацијата Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Наполи и во 93.минута не успеа да реалзира голема шанса за израмнување.

Горан Пандев, против Наполи, дојде до бројката од 96 гола во Серија А. Оспина го совлада во 10. и 27.минута. Капитенот на Македонија сезонава има постигнато три гола. Пандев, вечерва, стана највозрасниот фудбалер, во Топ 5 првенства во Европа, кој во една сезона забележал најмалку два гола и две асистенции.

Наполи, во второто полувреме жестоко притисна, но успеа само да постигне почесен гол, преку Политано во 79.минута.

Елмас имаше голема шанса во 93.минута, а 60 секунди подоцна, Наполи не добија пенал по дуелот на Марио Руи и Скамака.

Џенова со овој триумф скокна до 11.место на табелата, со 24 бода, додека Наполи останаа на петтото место со 37 бода.



> Два гола на Пандев – Џенова го победи Наполи <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026