Утрински Весник
Свет

Двајца холандски војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Карипското Море

Двајца холандски војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Карипското Море

Холандски воен хеликоптер се урна во Карипското Море во близина на островот Аруба, една од конститутивните држави на Кралството Холандија, при што загинаа двајца членови на екипажот, пренесува „Спутник“.

Според радиодифузерот НОС, хеликоптерот НХ90 се урнал во неделата попладне на десетина километри од брегот меѓу островите Аруба и Курасао, кој исто така е самоуправен државен ентитет и дел од Холандија.

Инцидентот резултирал со смрт на 34-годишната пилотка Кристин Мартин и 33-годишниот тактички координатор Ервин Ворнис.

Уште двајца членови на екипажот се здобиле со полесни повреди. Холандската армија почна истрага за причините за несреќата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп

МААЕ: Понатамошните напади на нуклеарката би можеле да имаат сериозни последици

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ