Утрински Весник
Свет

Двајца француски разузнавачи осудени на затворски казни за предавство

Двајца француски разузнавачи осудени на затворски казни за предавство

Двајца поранешни оперативци на француската разузнавачка служба се осудени на подолги затворски казни откако судот одули дека се виновни за шпионирање во корист на Кина.
Како што пренесува Ројтерс, тие се прогласени за виновни и за предавство.

Францускиот суд, пред кој е водена постапката зад затворени врати, осуди двајца поранешни разузнавачи за предавство и ги осуди на 8 години, односно 12 години затвор, а сопругата на едниот од нив, е осудената на 4 години затвор, информира „Франсе инфо“.

Дневникот „Монд“ претходно објави дека едниот од осудените бил повикан во 1998 година итно да се врати во Франција по што со интерна истрага било утврдено дека е во врска со Кинезинка, преведувачка во француската амбасада во Пекинг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко