Утрински Весник
Свет

Двајца турски војници убиени во северна Сирија

Двајца турски војници убиени во северна Сирија

Двајца турски војници загинаа, а други двајца беа ранети во напад на нивното оклопно возило во северна Сирија, по што турските сили возвратија на огнот, соопшти вчера турското Министерство за одбрана.

Нападот се случи во регионот каде што Турција ја започна прекуграничната операција „Штитот на Еуфрат“ во 2016 година, насочена кон одбивање на терористичката група Исламска држава и курдската милиција (ЈПГ).

Медиумите објавија дека нападот се случил во областа Ал-Баб. Анкара, која сè уште е присутна во северна Сирија, го смета ЈПГ за терористичка група поврзана со вооружени бунтовници во Турција.

Можете да прочитате

Земјотрес ја погоди Фукушима, Јапонија

Иран се заканува со ликвидација на Трамп

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија