Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Двајца тренери од Белорусија исфрлени од Олимпиското село

Двајца тренери од Белорусија исфрлени од Олимпиското село
Img 7972

Двајца членови на делегацијата на Белорусија во Токио, по налог на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се исфрлени од Олимпиското село.

На селекторот на репрезентацијата на Белорусија, Јури Мојсевич и официјалното лице, Артур Шумак, вмешани во случајот со атлетичарката Кристина Цимановскаја, ИОк им го одзел акредитациите. Тие веќе го напуштиле Токио.

„Во интерес на спортистите од Белорусија, кои и понатаму се натпреваруваат во Токио, решивме да го повлечеме овој потег. Побаравме тие веднаш да го напуштат Олимпиското село. Тие веќе го направија тоа. Ќе имаат можност да ја изнесат својата одбрана во врска со целиот случај“, соопшти ИОК.

Цимановскаја поради критиките што ги упати преку „Фејсбук“, кон својот тренер, по налог на челникот на белорускиот тим требаше да биде вратена во Белорусија. Таа побара и доби помош од јапонската полиција. Остана на аеродромот, а потоа замина во амбасадата на Полска. Вечера, таа преку Виена, пристигна во Варшава.

„Ми кажаа дека не е безбедно да се вратам во Белорусија. Не сакам овој случај да добие политичка конотација. Ништо не кажав против Владата на Белорусија, никогаш не сум била политички ангажирана, никогаш е не сум учествувала во протестите. Спортот е мојот живот“, рекла Цимановскаја.

> Двајца тренери од Белорусија исфрлени од Олимпиското село <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент