Утрински Весник
Македонија

Двајца скопјани осомничени за „копање“ криптовалути во „Железници и Транспорт“

Двајца скопјани осомничени за „копање“ криптовалути во „Железници и Транспорт“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Две лица од Скопје биле приведени под сомнение дека „копале“ криптовалути во „Железници и Транспорт“, соопшти полицијата.

Имено вчера, инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода лицата М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле сместени неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја, поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен