Утрински Весник
Македонија

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на Ковид-19.

Од нив 16 се во Скопје, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, по два во Прилеп, Штип и Свети Николе и по еден во Охрид, Гевгелија, Радовиш и Берово.

Пријавени сe и се 17 оздравени пациенти од Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2 и по еден од Кичево и Кавадарци.

Во изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица, еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група над 60 години и двајцата се починати во болнички услови.

Направените 4.582 тестови се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–23, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-350, Биотек-180, Систина-84, лабораторија Лаор-363, Синлаб-24, Ремедика-13, Плодност–30, Генеа–23, Никоб лаб-1.049, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.987.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“