Утрински Весник
Македонија

Двајца полицајци повредени кога со полициско возило удриле во паркирано комбе на „Деве Баир“

Двајца полицајци повредени кога со полициско возило удриле во паркирано комбе на „Деве Баир“

Полициско возило синоќа удрило во паркирано комбе во близина на терминал на граничниот премин „Деве Баир“. Во инцидентот, повредени се двајца полицајци.

Според информациите од МВР, комбето со турски национални ознаки, било паркирано од С.А.(63) од Р.Турција, кога во него удрило полициското возило „дачија дастер“.

Двајца полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Извршен е увид.

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка