Утрински Весник
Македонија

Двајца позитивни на Ковид-19 починаа на штипското Инфективно одделение

Нема новозаболени пациенти од хепатит Ц во Источниот регион

Штип, 25 јуни 2020 (МИА) – На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид – 19.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години. Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му беше тешка во текот на лекувањето и беше со кислородна поддршка. Додека 75- годишниот пациент е деносен вчера во претпладневните часови со симптоми на коронавирусот, починал неколку часа по хоспитализацијата, а брисот дека е позитивен пристигнал постмортем. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациентите од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. За само една недела од коронавирисот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, минатата недела почина 63- годишна жена. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу