Утрински Весник
Македонија

Двајца обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Две лица се обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар, кои на 11 мај 2020 година биле затекнати како се движат без поседување на дозола.

– Во одделни кривично-правни настани, двајцата обвинети на 11 мај 2020 година, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик., соопштуваат од Јавното обвинителство.

Дебарското обвинителство за обвинетите до Судот поднесе предлози за издавање казнени налози со кои предложи за секој од обвинетите парични казни од 10 до 100 дневни глоби.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Потпишан договор за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка во податочниот центар на МВР во Прилеп

Левица: Пратениците на премиерот енергетичар го одбија амандманот на Левица за Чебрен да влезе во Буџетот

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО