Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници одзеле над пет илјади евра од скопски обложувалници

Скопската полиција поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје, поради сомнение за сторени пет кривични дела разбојништво.

Како што информираат од МВР, пријавените во периодот од 7. април до 27. мај годинава со закана извршиле пет кривични дела разбојништво во спортски обложувалници на подрачјето на Скопје.

Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 329.097 денари (5.370 евра).

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор? 

УСЈЕ: Работиме согласно Европската регулатива и сите важечки закони

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово