Утрински Весник
Македонија

Двајца колеги од КАРИЛ ќе ги менуваат анестезиолозите што си дале отказ во „8 Септември“

Двајца колеги од КАРИЛ ќе ги менуваат анестезиолозите што си дале отказ во „8 Септември“
Dik 300x250 mk

Двајца анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе ги заменат анестезиолозите кои во петокот си дале отказ во Градската општа болница „8 Септември“.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со ротации нема да се почувствува недостиг не само од анестезиолози туку и од останатите здравствени работници кои учествуваат во лекувањето на заболените од коронавирус.

„ Нема да има недостаток од вкупниот број анестезиолози. Минатата недела разговаравме за замена и помош на анестезиолозите во „8 Септември“. Двајца колеги од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе одат на помош во „8 Септември“. Се направи распоред за да не трпи програмот на хируршките клиники. Имаме интензивна комуникација околу системот на ротација. Има ентузијазам и кај други колеги да дојдат кај овие пациенти и нема ризик за недостаток на лекари иако мора да се каже дека се веќе преморени по речиси пет месеци работа без одмор. Имаме и повеќе од потребниот број пријавени анестезиолози за помош, се пријавија четворица, но засега има потреба само од двајца“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека уште на почетокот на пандемијата е донесена Уредба со која на услуга на јавното здравство е ставен и медицинскиот персонал од приватните клиники, но засега нема потреба од нивно вклучување со оглед на тоа што има меѓу тројца и десетмина пациенти на респираторни машини.

Министерот потврди дека една од анестезиолозите што си дала отказ и претходно работела во приватна клиника. Изминатиот период кога се појавил интерес за враќање во јавното здравство таа дошла да работи во „8 Септември“, но сега сака да замине, а другиот анестезиолог, министерот Филипче кажа дека е со долгогодишно искуство во јавното здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога