Утрински Весник
Свет

Двајца загинати и 90 повредени во фабрика за мраз на Филипините

Двајца загинати и 90 повредени во фабрика за мраз на Филипините

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 90 се повредени при истекување на амонијак од фабрика за мраз на Филипините.

Стотици граѓани кои живеат во близина на фабриката ја напуштија областа, соопштија денеска филипинските власти.

Градоначалникот на Навотас, Тоби Тиангко изјави дека еден вработен во фабриката за мраз Марсело починал поради вдишување амонијак, а телото на друг работник, електричар, е пронајдено денес во зградата на компанијата.

Тианко додаде дека се испитува причината за истекувањето на амонијакот. Тој им се извини на жртвите, велејќи дека компанијата, чиј дел е сопственост на неговата мајка, ќе ги сноси сите медицински и погребни трошоци.

Повеќе од 90 жители од областа и вработените се префрлени во болници откако биле изложени на протекување на амонијак. Тие се жалеле на отежнато дишење, иритација на очите и кожата и други симптоми.

Амонијакот се користи во процесот на ладење, но според филипинските власти може да биде токсичен за луѓето.

Фабриката е затворена и нема да биде отворена сè додека не се воведат дополнителни мерки за заштита.

Официјални лица изјавија дека другите фабрики за мраз и ладилниците ќе бидат прегледани за да се избегнат слични инциденти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико