Утрински Весник
Македонија

Двајца загинати во тешка сообраќајка во Штип

Сообраќајна несреќа со фатални последици се случила синоќа на улицата „Брегалничка“ во Штип.

Како што информираат од МВР, се судриле автомобил „југо“, управуван од Г.П. (68) од Штип и автомобил „опел астра“, управуван од Д.Ш. (19) од Штип.

На местото на несреќата, од здобиените повреди починале возачот на „југото“ и неговата сопатничка Ј.П. (62) од Штип, додека возачот на „астрата“ се здобил со повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија