Утрински Весник
Македонија

Двајца заболени во Прилеп од коронавирус

Прилепската болница строго ги контролира влезовите, има и превентивна соба за изолација

Прилеп, 25 март 2020 (МИА) – Во Прилеп се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10-тина дена. Се уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска. ем/вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски-Вајц: Акцент ставен на потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди

Трендафилов поднесе иницијатива во Собранието за намалување на пратеничките плати

Земјотрес од 3 степени почувствуван во Охрид и околината