Утрински Весник
Македонија

Двајца гостиварци го прекршиле полицискиот час

Двајца гостиварци го прекршиле полицискиот час

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Двајца жители на Гoстивар се обвинети дека во одделни кривично правни настани не го почитувале полицискиот час, па без дозвола се движеле низ градот, информираат од ОЈО Гостивар.

Заради стореното кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, за обвинетите Oсновното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози и на судот му предложи да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина