Утрински Весник
Македонија

Двајца битолчани краделе бакарни цевки во струшката „Специјална болница за нефрологија“

Полицијата поднесе кривични пријави против двајца битолчани кои се сомничат дека извршиле тешка кражба.

dobivaj vesti na viber

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(29) и Б.В.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Тие, во периодот од март до мај оваа година, во кругот на ЈЗУ„Специјална болница за нефрологија“, на улицата „Партизанска“ во Струга, со употреба на остар алат, насилно пресекле и одзеле повеќе бакарни цевки, а на 30.05.2022 година ја пресекле цевката на централниот довод за медицински гас до операционата сала во зградата при што направиле дефект на системот за довод на медицински гасови.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

СДСМ: Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

31. Конгрес на СДСМ: Отчет за изборниот пораз, но и статутарни измени