Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Двајца барани терористи меѓу шесте неутрализирани во Турција

Двајца барани терористи меѓу шесте неутрализирани во Турција
Img 7972

Двајца барани терористи се меѓу шестмината неутрализирани во источната турска област Битлис, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Анадолија“.

Министерството истакна дека Озлем Атсак, со кодно име Ронахи Дерсим, од портокаловата листа на барани, и Ридван Ерјилмаз, со кодно име Азад Сорес, во сивата листа на барани по кои се трага, биле неутрализирани во вчерашната операција во областа Сехи.

Атсак е одговорен за раководење со женската група на терористичката организација. Во соопштението не се наведува на која терористичка организација ѝ припаѓаат терористите, но во тој регион активна е Курдската работничка партија (ПКК).

Листата на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи е поделена на пет категории според приоритетот за апсење: црвена, сина, зелена, портокалова и сива категорија на барани.

„Шестмина терористи се неутрализирани вчера во Битлис за време на домашната безбедносна операција спроведена со поддршка на беспилотно летало и воен хеликоптер АТАК“, се додава во соопштението.

Турските власти го користат терминот „неутрализирани“ за да укажат дека терористите за кои станува збор се предале, биле убиени или заробени.

Во својата повеќе од 30-годишна кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства