Утрински Весник
Македонија

Двајцата пациенти на кои им беа трансплантирани бубрези се во добра состојба

Стручната комисија не најде неправилности во третманот на Веапоска, згрешен бил само полот на бебето

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро, соопшти Министерството за здравство.

Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа.

Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.

Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези.

Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.

Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.

Можете да прочитате

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во Демир Хисар

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Александар Саша Димитријевиќ се ожени – свадба со партиски врв во „Риас“