Утрински Весник
Македонија

Дванаесет штипјани излекувани од Ковид-19

Дванаесет штипјани излекувани од Ковид-19

Штип, 23 април 2020 (МИА) – Дванаесет штипјани досега се излекувани од Ковид-19, а за четворица пациенти се чека вториот тест. Доколку бидат негативни и тие ќе влезат во бројката на излекувани, соопшти денеска за МИА директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова.

Од почетокот на пандемијата досега во Штип се регистрирани вкупно 32 граѓани кои се позитивни на коронавирусот, но има и две жртви. Станува збор за 81-годишна жена и 83 годишен маж.  

Димитрова вели дека досега на пунктот, но и мобилниот тим на Инфективното одделение, имаат земено околу 300 брисеви, од кои повеќето од граѓани на Штип, но има и од Пробиштип и Радовиш.

Се земаат брисеви и на Инфективното одделение, каде што се лекуваат пациенти од целиот источен регион. Засега добро стојат со заштитна опрема. Вчера добиле донација во маски, а денеска дополнително ќе добијат уште една донација во друг вид на заштитна опрема.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективното одделение се лекуваат тројца пациенти заразени со коронавирус, по еден од Штип, Пробиштип и Пехчево. На Одделението за хирургија има примено еден пациент со сомнителни симптоми, кој се третира како да е заразен, но резултатите треба да покажат дали е позитивен.

Ѓеорѓијев истакна дека од утре ќе почнат со носење на брисевите во лабораторијата во МАНУ, со што се очекува побрзо да пристигнуваат резултатите за пациентите, кои се на болничко лекување. вдј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер