Утрински Весник
Македонија

Дваесет и едногодишник загина во сообраќајката во Куманово, негов врсник е повреден

Малолетници извршиле насилство врз соученици во кумановско

Куманово, 29 февруари 2020 (МИА) – Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово животот го загуби 21-годишен кумановец, а негов врсник е повреден и префрлен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што информирше денеска МВР, несреќата во полицијата била пријавена во 06:30 часот.

– Патничко моторно возило „Сеат Леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб. Во возилото биле Д.В. (21) и М.С. (21), двајцата од Куманово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. била констатирана смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се наведува во соопштението на МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од кумановската полиција. ам/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени