Утрински Весник
Македонија

Дваесетгодишна девојка од Скопје со автомобил излетала од пат, повредени три лица

Танчарки од Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Црешево.

Според информациите на МВР, вчера околу 13 и 30 часот во полиција било пријавено дека во село Црешево, К.П.(20) од Скопје, со возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Н.(19) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила К.Д. и сопатничката Д.Т.(20). Сите биле пренесени во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“.

Можете да прочитате

Периодот февруари – април носи нова опасност од поплави на Балканот

Засилени контроли на скопските улици – Приведен малолетник, санкционирани повеќе возачи

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец