Утрински Весник
Македонија

Да се надмине егото и да се остварат правата на Бугарите во Северна Македонија, порача бугарската делегација во Битола

Да се надмине егото и да се остварат правата на Бугарите во Северна Македонија, порача бугарската делегација во Битола

Пораки за надминување на егото и остварување на правата на Бугарите во Македонија, упати бугарската делегација за време на посетата на Битола, на отворањето на клубот на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов.

Бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека бугарската заедница во Северна Македонија е вистинскиот мост меѓу двете земји.

„Вашата благосостојба е гаранција за добри односи. Односите меѓу владите се подобруваат. Ковачевски, исто така, привлече внимание на важноста да се искорени говорот на омраза и бугарската заедница во Северна Македонија да се чувствува целосно рамноправна. Денеска е денот на бугарскиот Устав. Сметам дека уставните права на бугарската заедница се многу важни и се огромен чекор кон целосна рамноправност меѓу народите“, објасни тој.

Според него, европската иднина на Северна Македонија е од големо значење за безбедноста на Балканот.

„Додека работат двете влади, очекувам од бугарската заедница да помогне како мост и заедно да ги освоиме срцата и умовите на луѓето“, додаде Петков.

На средба со Бугарите во Битола, Петков повика на надминување на егото и на терминот балканизација. Време е да се направат следните чекори напред, рече Петков.

Бугарската потпреседателка Илијана Јотова порача дека прво треба да се решат правата на Бугарите во Северна Македонија за земјата да стане дел од Европската Унија.

„Тоа е нашата позиција. Инаку се радувам што сум во Битола и сум дел од овој настан“, рече Јотова.

Таа го критикуваше, како што рече, водењето на втора надворешна политика од страна на советниците на премиерот Кирил Петков.

„Верувам дека премиерот ќе преземе мерки советничкиот тим да не води втора надворешна политика. Тоа би било многу загрижувачко, па дури и опасно“, изјави Јотова.

Според неа, водењето на ваква втора надворешна политика значи олеснување за европските партнери. Во тој случај никој нема сериозно да го сфати нашиот став, предупреди таа.

„Бугарија нема намера да внесе нов конфликт во ЕУ“, рече Јотова.

Слична порака порака испрати и шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.

„Сите сили треба да бидат насочени кон решавање на правата на Бугарите во Северна Македонија, што впрочем е нашата основна цел“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија.

Бугарскиот премиер со хеликоптер пристигна во Битола на свеченото отворање на клубот. Бугарската делегација беше дочекана со транспаренти за правата на Македонците во Бугарија и Гоце Делчев, но и свирежи од страна на граѓани кои беа во близина по слетувањето на хеликоптерот. Протест имаше и на Широк сокак.

Бугарската делегација ќе го посети и Охрид.

Можете да прочитате

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!

Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици

СДСМ: Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите