Утрински Весник
Економија

Да се интензивираат активностите за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите за физички лица

Власта и опозицијата на пониско техничко ниво ги продолжуваат разговорите за законот за ЈО

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на Градот Скопје или општините во Градот Скопје, како и Акционерски друштва во државна сопоственост, јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители во извршните исправи, дадени за извршување пред извршителите, заклучно со 31 декември 2017 година, да ги интензивираат активностите, за отпис на каматите и за репрограмирање на долговите согласно законот, со оглед на тоа што рокот за истото истекува на 18 мај 2020 година.

Ова стои во заклучокот усвоен на вчерашната 43-та владина седница откако е разгледана информацијата за примената на Законот за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физичките лица.

– Се задолжува Минустерството за правда да ги извести извршителите во законски предвидениот рок за прецизираните барања за извршувања, се наведува во денешното соопштение од Генералниот секретаријат на Владата. цр/вг/

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст