Утрински Весник
Македонија

Да се засрамите од моите лузни му порача Заев на Мицкоски, за лидерот на опозицијата казните за 27 април се драконски

Да се засрамите од моите лузни му порача Заев на Мицкоски, за лидерот на опозицијата казните за 27 април се драконски

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вечерашниот дуел на ТВ Канал 5 со спротивставени ставови во врска со случувањата на 27 април во 2017 година.

Според Мицкоски, секое насилство без оглед од кого е направено нема политичка припадност, боја вера, ниту нација.

– Насилство е недозволливо. Не смее ниту еден човек правдата да ја зема во свои раце. Имаме судии кои донеле пресуди имаме обвинители кои обвинувале по тие пресуди времето ќе покаже тие се во жалбена постапка, допрва треба да се носат одлуки по тие жалбени постапки итн. Она што ценам е дека е драконско се изречените казни. Имаме луѓе кои сториле многу поголеми кривични дела, а не одговараат на начин како што одговараат овие луѓе кои се обвинети и осудени, недозволливо. Вие го имате човекот кој ја отвори вратата на Собранието на 27 април, амнестиран затоа што му требал на Заев, рече Мицкоски.

За мене, потенцира Мицкоски, тоа е суштински проблем.

– И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и сме хибриден режим и зошто луѓето си одат. Тој што ја отвори вратата е невин, а останатите се виновни, додаде Мицкоски.

Заев го негираше тврдењето на Мицкоски и рече дека во процесот на помирување што го отвориле во Парламентот со луѓе кои сакале да се помират, е донесен Закон за таа работа. Тој го обвини Мицкоски дека држи морални предавања за настан на кој тој бил учесник во толпата.

– Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас. Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму, порача Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Додаде дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола