Утрински Весник
Македонија

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Дачиќ: Вучиќ брутално ја одби точката 10 за признавање на Косово

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот, Зоран Заев, не е политички незнајко и дека знае оти неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.

Во емисија на „ТВ Пинк“, Дачиќ рече дека второто прашање е до каде ќе оди Заев.

Дачиќ реагираше на изјавата на македонскиот премиер дека Југославија ги држела разделени Македонија и Бугарија и дека во Македонија имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.

„Не ја прогласувајте бугарската окупација за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тие (Македонија) со тоа плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве, Југославија ја нема повеќе, што чекате. Ако толку многу сакале да се прегрнат, не би чекале до 2020 година “, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака, но изјави дека денот кога е создадена бил несреќен ден за српскиот народ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!