Утрински Весник
Македонија

Дафина Стојаноска: Се обврзуваме да има посреќни семејства, мајки и деца

Дафина Стојаноска: Се обврзуваме да има посреќни семејства, мајки и деца

Гостивар, 30 јуни (МИА) – Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата Обнова на Македонија во рамки на предизборните активности денеска во Гостивар оствари средба со унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и организацијата на жени во политичката партија Движење за национално единство на турците (ДНЕТ).

– Без разлика на нашите имиња, кој јазик го зборуваме и на кој бог се молиме, ние жените најдобро знаеме да ја почувствуваме грижата за семејството. Затоа како носителка на листата во ИЕ 6 се обврзувам дека ќе се грижам македонските семејства да добијат повеќе. А кога жена мајка на нешто се обврзува, тоа и ќе се реализира. Ние денес се обврзуваме дека на 15 јули ќе заокружиме бројот 14 за посреќни семејства во Македонија, посереќни мајки и посреќни деца, рече Стојаноска во обраќањето на градскиот плоштад во Гостивар.

Таа во рамки на предизборната кампања денеска ќе има средби со жителите на гостиварската населба Циглана.згм/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шок во судница: Ивана барала полиција – оператор ја препраќал кај куќен совет

Македонија и САД потпишаа меморандум за соработка во енергетиката

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани