Домаќинствата во Данска во третиот квартал од минатата година имале средства во вредност од 930 милијарди долари и главно се поврзани со акции и обврзници, соопшти Централната банка на Данска.
Во последните два квартали од минатата година, нивното богатство се зголемило за речиси 119 милијарди долари, со што се анулира падот од 90 милијарди долари што се случи во првиот квартал. Овие позитивни трендови се очекува да помогнат во надминување на негативните последици од мерките против пандемијата на коронавирусот.
Просечното богатство на едно домаќинство е близу 335 илјади долари, но кај повеќето таа сума е помала, според Централната банка на Данска. На пример, 43 проценти од заштедите во пензија се во сопственост на десет проценти од населението.