Утрински Весник
Свет

Данскиот премиер се извини по незаконската наредба за убивање на сите визони поради епидемија на коронавирус

Данскиот премиер се извини по незаконската наредба за убивање на сите визони поради епидемија на коронавирус

Одлуката за уништување на целата популација визони во Данска откако кај нив беше откриен мутиран вид на Ковид-19 нема правна основа, призна премиерот на земјата неколку дена откако го нареди тоа за да го спречи неговото ширење кај луѓето, пренесува РТ.

Премиерот Мете Фредериксен минатата недела нареди уништување на 15-17 милиони визони откако СЗО соопшти дека разгледува извештаи според кои вирусот преминува од животни на луѓе.

„ Дури и да ни се брзаше, требаше да ни биде целосно јасно дека е потребно нов закон, а не ни беше. Се извинувам поради тоа “, рече Фредериксен во парламентот.

Таа тврдеше дека минатата недела не знае оти масовното убивање ќе биде незаконско и дека ова прашање се појавило за време на викендот.

Повикот на владата за колење на сите визони дојде на 4 ноември, но мерката беше спроведена без потребното законодавство, објавија локалните медиуми. Според данскиот закон, болеста мора да се најде кај животните, или мора да се најде во заразено подрачје, пред владата да наложи такво решение.

Според официјалните пресметки, околу 2,5 милиони визон веќе се убиени иако портпаролот на данската полиција изјави дека бројот најверојатно ќе биде поголем.

Во вторникот владата ја повлече својата оригинална наредба и испрати ново писмо до одгледувачите на визони, во кое се прецизира дека треба да се уништи визонот на фармите каде што бил присутен коронавирусот.

Одгледувачот на визони, Ервин Валебо, од данскиот град Глумсо веќе убил половина од своите животни во рок од една недела од првичната наредба.

„Тоа беа 32 години одгледувачка работа што исчезна со убиство“, рече тој.

Неговата загриженост ја повтори и колега- одгледувач на визони и претседател на Здружението на одгледувачи на крзно на Зеланд, Ен Мона Кулсо Ларсен, која рече дека владата „ни ја уништува егзистенцијата“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк