Утрински Весник
Спорт

Данска ја „скрши“ Словенија во второто полувреме

Данска ја „скрши“ Словенија во второто полувреме

Словенечката ракометна репрезентација имаше сили за само едно израмнето полувреме, губејќи со 30:23 (14:12) од домаќинот Данска во својот прв меч на Европското првенство во ракомет.

Откако во првото полувреме ги држеа Данките на „дистанца“, Словенија осум минути не постигна гол во второто полувреме, за на крајот Данките да стигнат до 30 гола во една убедлива победа.

Ларке Педерсен уфрли шест гола, додека Кристина Јоргенсен и Трине Остегард Јенсен имаа 5 постигнати голови за Данска, додека Наташа Љепоја со пет гола беше најефикасна за Словенија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020

ГРУПА А

Франција – Црна Гора 24:23 (11:12)

Данска – Словенија  30:23 (14:12)

> Данска ја „скрши“ Словенија во второто полувреме <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност