Утрински Весник
Свет

Данска: Пристапувањето на Финска ќе го зајакне НАТО

Данска ќе се заложи Финска брзо да биде примена во НАТО, изјави денеска премиерката Мета Фредериксен откако финските лидери ја објавија својата поддршка за членството на земјата во Алијансата.

„ Се разбира, Данска топло ќе ја пречека Финска во НАТО. Тоа ќе го зајакне НАТО и нашата заедничка безбедност“, напиша Фредериксен на Твитер, пренесува
„Ројтерс“.

Таа додаде дека Данска ќе стори сé за да го забрза пристапот на Финска во Северноатлантската алијанса, бидејќи земјата официјално аплицираше за членство.

Финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин денеска најавија дека Финска мора без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО.

„ Се надеваме дека ќе бидат преземени неопходните чекори во наредните денови, многу брзо“, се вели во заедничката изјава на претседателот и премиерот на Финска.

Одлуката која треба да биде одобрена во парламентот е донесена по рускиот напад на Украина, пренесоа агенциите.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица