Утрински Весник
Свет
Img 7972

Данска на вакцинираните со различни вакцини им нуди трета доза

Данска на вакцинираните со различни вакцини им нуди трета доза
Dik 300x250 mk

Во Данска на луѓето кои примиле две различни вакцини, ќе им се понуди трета доза за да им се даде статус на вакцинирани лица надвор од шенген-зоната каде што важат различни прописи.

Данското Министерство за здравство соопшти дека на луѓето кои примиле различни вакцини ќе им биде понудена трета доза по завршувањето на националната програма за вакцинација.

Причината за ова е што неколку земји надвор од ЕУ и шенген-зоната не дозволуваат влез на оние кои се вакцинирани со различни вакцини, односно не ги сметаат дека се целосно вакцинирани. Ова може да предизвика проблеми со патувањето за приближно 150.000 дански граѓани кои примиле две различни вакцини.

Вкупно 151.335 граѓани, претежно здравствени работници, првично ја примија вакцината на „астразенека“, но потоа беше отстранета од официјалната програма за вакцинација во Данска, поради загриженост за згрутчување на крвта. Потоа им беше дадена или вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб