Утрински Весник
Свет
Img 7972

Данилов: Ако Русија нѐ победи, следна на удар ќе биде Литванија

Данилов: Ако Русија нѐ победи, следна на удар ќе биде Литванија
Img 7972

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов вели дека балтичките земји се во опасност од Русија.

„ Што се однесува до ситуацијата со балтичките држави и Полска, тие се навистина во опасност од Русија. Не сите во Европа се свесни за тоа. Однесувањето на некои земји, како на пример Германија, е малку чудно со оглед на тоа што се случува во Европа во 21 век…“, рече тој, а пренесуваат украинските медиуми.

Данилов истакна дека Русија нема да запре.

„ Тие ја имаат следната цел. Ако победат на наша територија, следната земја што Путин сака да ја заземе ќе биде Литванија. Потоа ќе има и други балтички земји, за да можат да стигнат до Полска. Се ќе зависи од тоа како НАТО ќе се однесува. Денес е нивното однесување е чудно. Мислат дека ќе ја избегнат оваа опасност“, рече тој.

Украинските медиуми потсетуваат и дека литванскиот претседател Гитанас Науседа неодамна го предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека неможноста да се запре руската агресија во Украина ќе доведе до глобален конфликт.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија