Утрински Весник
Магазин

Даниел Крејг менува 20 костуми во една акциона сцена како Џејмс Бонд

Даниел Крејг менува 20 костуми во една акциона сцена како Џејмс Бонд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

53-годишниот актер треба да го глуми 007 за последен пат во филмот No Time To Die („Не е време за умирање“), кој конечно треба да излезе овој месец по бројните одложувања.

Тој открива дека менува многу костуми на Бонд при снимање акробации.

Говорејќи во новата епизода на No Time To Die: The Official James Bond Podcast, Даниел откри: „Ако имам костум што е вклучен во акциона секвенца, ми требаат 20 или 25 од нив“.

Насловната песна за новиот филм ја напиша и ја пее Били Ајлиш, која откри дека за инспирација се осврнала на почетните сцени од претходните филмови со Крејговиот Бонд, со посебен фокус на „Скајфол“.

19-годишната музичка sвезда рече: „Со години ја гледам почетната сцена од ‘Скајфол’. О Боже, многу е добра. Кога ја создававме оваа песна, ја гледавме таа сцена повторно и повторно.“

Можете да прочитате

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија

Свадба во 2026? Ова се најдобрите датуми