Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег: Остарев и тешко заздравував од повреди при снимање

Dik 300x250 mk

Даниел Крег планирал да му сврти грб на Холивуд по улогата на Џејмс Бонд во „Спектре“, пренесува британски „Експрес“.

dobivaj vesti na viber

„Морав да се преиспитам себеси – дали сум физички способен да снимам уште еден филм,“ откри ѕвездата во искрено интервју за „Ентертејнмент викли“.

„Го завршив Spectre со скршена нога“, вели Крег. „Се повредив на секој филм за Бонд откако почнав да го глумам.“

И покрај тоа што ја сака физичката активност поврзана со изведувањето акробации при снимање, Даниел признава дека остарел и не заздравува толку добро како порано кога бил помлад

Таткото на две деца сподели: „Телефонскиот повик до мојата сопруга за да ѝ кажам дека ја скршив ногата не беше пријатен“.

Оженет со Рејчел Вајс, која глуми во „Мумија“ фантастика-акција-авантура, Даниел е очув на нејзиниот син, Хенри. 54-годишниот актер има и возрасна ќерка Ела (30) од претходниот брак со Фиона Лудон.

Гостувајќи во „Шоуто на Грахам Нортон“, Крег се осврна на неговите физички повреди. „Ми го реконструираа десното рамо,“ рече тој.

„Го оперирав левото колено, потоа и десното. Палецот сè уште ме боли.“

 

Можете да прочитате

Нов ризичен сексуален тренд ги загрижува лекарите: Што е „омораши“ и зошто може да биде опасен?

Работник на крузер откри во која земја одбива да работи: „Културниот шок е преголем“

Драма во живо: Српската водителка Маша Зиповски се онесвести за време на пренос на Бинго