Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег наполни 54 години

Даниел Крег наполни 54 години

Британскиот актер Даниел Крег го прослави својот 54. роденден во средата.

Иако е познат по тоа што го глумеше култниот британски агент Џејмс Бонд повеќе од 16 години, кариерата на Даниел Крег е многу повеќе од само портретирање на 007.

Тој беше дел од некои одлични филмови во текот на годините пред да стане Бонд, па дури и потоа, коментираат медиумите потсетувајќи на неколку филмови, во кои Даниел Крег, освен неговата култна улога како Бонд, покажува прилично голема разноликост на актерски вештини.

Изведби што докажуваат дека тој е повеќе од Џејмс Бонд: „Нож во грбот“ (Knives Out) во режија на Рајан Џонсон, мистериja трилер од 2019 година.
Во него Крег глуми професионален детектив, кој го истражува убиството на таткото на богато дисфункционално семејство.

„Логан Лаки“ од 2017 година, комедија за грабеж во режија на Стивен Содерберг,

„Девојката со тетоважа на змеј“, психолошки крими-трилер од 2011 година. Крег во филмот го глуми новинарот Мајкл Блумквист.

Меѓу другите филмови на Крег се Defiance (2008), Infamous (2006), Munich (2005), Layer Cake (2004).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста