Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Данецот Ларсен прв професионален ракометар со коронавирус

Данецот Ларсен прв професионален ракометар со коронавирус
Img 7972

Копенхаген, 16 март 2020 (МИА) – Данецот Мадс Ленсах Ларсен е првиот професионален ракометар со дијагностициран Ковид-19. Олимпискиот и светски шампион со данската селекција почувствувал симптоми на грип, се пријавил за тестирање и добил позитивни резултати. Сместен е во изолација и, според информациите во тамошните медиуми, се чувствува добро.

„Во постојан контакт сме со напиот лекарски тим, со здравствените работници и со властите. Ќе сториме се што е во наша моќ да го запреме ширењето на коронавирусот. Свесни сме за нашите обврски и одговорности во овие тешки моменти. Здравјето на нашите ракометари и вработени е наша главна цел“, изјави Џенифер Катерман, извршна директорка на Рајн Некар Левен чиј дрес го носи Ларсен.
Ларсен ја почна ракометната кариера во Копехнхаген, за потоа преку Нордсјиланд и Алборг да направи трансфер во Рајн Некар Левен во 2014 година. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент