Утрински Весник
Магазин

Дали Џејмс Корден ја заменува Елен Деџенерис како домаќин на шоуто изложено на скандал?

Дали Џејмс Корден ја заменува Елен Деџенерис како домаќин на шоуто изложено на скандал?

Бидејќи ток-шоуто на Елен Деџенерис станува сè повеќе вовлечено во скандал и е на работ на колапс, Британецот Џејмс Корден, водител на популарното „Лејт лејт шоу“ на телевизијата „Си-би-ес“ наводно е во преговори да ја замени.

Цитирајќи инсајдер, британски „Сан“во саботата објави дека Корден (41) одамна се сметаше за „долгорочен наследник“ на 62-годишната Деџенерис дури и пред да се појават наводите за непријателска работна атмосфера зад камерите.

Корден, британски актер и комичар, стана популарен со неговото ток-шоу кое вклучува сегменти како што е „карпул караоке“ – домаќинот Корден пее заедно со гостинот музичар додека се возат во автомобил – како и Drop The Mic сегмент во кој Корден и гостите се вклучуваат во рап-битки.

Истиот извор изјави за „Сан“: Џејмс и неговиот тим се предводници во модерната телевизија, а нивниот производ стекнува сè поголемо глобално признание.

Изворот додаде дека Корден веќе „има огромна посветена публика, глобална привлечност и Холивуд го сака“.

„Замената на Елен секогаш ќе биде тежок предизвик, но тој е природно фит за лесна транзиција. Џејмс го освежува утрото и потоа во текот на денот со слободна рака ќе му биде дозволено да гради нова попладневна ера“.

Проблемите за Деџенерис започнаа минатиот месец, кога „Баз њуз“ објави експлозивен извештај во кој беше изложена реалноста на работењето зад камерите во „Шоуто на Деџенерис“. Телевизијата „Ворнер Брос“, која што го продуцира шоуто од 2003 година до денес, спроведе интерна истрага по поплаките за наводно малтретирање на вработените и расизам.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста