Утрински Весник
Свет

Дали Лукашенко случајно откри уште една цел на Путин?

Дали Лукашенко случајно откри уште една цел на Путин?

Белорускиот претседател и најголем сојузник на Путин, Александар Лукашенко, вчера се обрати во живо пред Советот за безбедност преку видео врска. Лукашенко застана пред мапата и употреби стап за да го прикаже планираното движење на војниците и цели во Украина.

Но, Лукашенко можеби случајно открил уште една од можните цели на Путин – напад на Молдавија.

Имено, се чини дека мапата го прикажува и движењето на војниците од Одеса понатаму кон крајниот југозапад на Украина и понатаму кон Молдавија.

Белорускиот новинар Тадеуш Гиџан објави на Твитер дека мапата изгледа како вистинска карта на инвазијата. „Тоа ги прикажува воените објекти на Украина уништени со ракети од Белорусија и насоките на нападот.

Украина е поделена на четири сектори на мапата“, рече тој, додавајќи дека единствениот напад од Одеса до Молдавија бил единствениот што сè уште не е на мапата.

Друг новинар, Денис Казакиевич, предупреди на Твитер дека мапата на Лукашенко изгледа како вистинска карта на инвазијата.

„Во денешното обраќање до Советот на Европа, Лукашенко, додека лажеше за „операција“, покажа како изгледа вистинска мапа на инвазијата“, напиша тој.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени