Утрински Весник
Спорт

Дали имаше услови за фудбал? Лудо 3:3 реми низ густата магла во Емилија-Ромања

Дали имаше услови за фудбал? Лудо 3:3 реми низ густата магла во Емилија-Ромања

Првиот меч од петтото коло на Серија А ни донесе еден неверојатен меч помеѓу Сасуоло и Торино, и тоа не поради 3:3 ремито со еден куп пресврти, туку поради густата магла која на моменти го правеше мечот невозможен за следење.

Иако беше јасно дека многу услови за фудбал нема, судијата Марко Гвида одлучи мечот да се одигра, и на крајот домаќините успеаја да останат непоразени оваа сезона во бизарен меч на „Мапеи“, а Торино на Марко Џампаоло по четири меча има само еден поен.

Карол Линети пронајде пат низ густата магла во 33. минута да донесе водство на „биковите“, а Сасуоло успеа да израмни преку Филип Ѓуричиќ во 71. минута, кога маглата покажа малку милост за фудбалерите.

Потоа следуваше лудиот пресврт – Торино успеа да поведе со 1:3 со головите на Белоти и Лукиќ за само две минути (77. и 79.), пред Сасуоло да врати со два гола исто така за две минути преку Влад Кирикес и Франческо Капуто.

> Дали имаше услови за фудбал? Лудо 3:3 реми низ густата магла во Емилија-Ромања <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027