Утрински Весник
Спорт

Дали играчите од Сиера Леоне навистина имаат 15 години?

Африка одамна има проблем со идентификација на возраста на играчите, па многу земји ја искористија неповолната безбедносна ситуација за да „шверцуваат“ фудбалери во репрезентациите кога станува збор за натпревари од помлади категории.

dobivaj vesti na viber

Најновиот случај ни доаѓа од првенство на Западна Африка за играчи до 15 години, поточно натпреварот помеѓу Сиера Леоне и Мавританија кој заврши со убедлива победа (6:0) на Сиера Леоне.

Веднаш по натпреварот, делегацијата на Мавританија го повлече својот тим од турнирот, обвинувајќи го противникот дека го прекршил правилото за старосна граница, односно дека испратиле многу повозрасни играчи.

Во јавноста излегоа слики кои јасно укажуваат на такво нешто, особено во директен дуел на двајца фудбалери…

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина