Утрински Весник
Македонија

Дали зад протестите против дигитализацијата на образованието стојат фирмите кои во време на ВМРО-ДПМНЕ профитирале од Кембриџ учебниците?

21026728935d08eb5c5f2f0895378263 v4 big
Dik 300x250 mk

Со напумпани цени издавачките куќи ги продавале ученбниците на државата по т.н. Кембриџ програма со договори за откуп кои само се обновуваа од 2014 година, откри „360 степени“.

Издавачките куќи смеат учебниците да ги продаваат и во книжарите, но според законот тоа е предвидено да биде со истата цена која ги откупува Министерството за образование и наука. Сепак, како што пишува „360 степени“, дел од учебниците се продаваат значително поевтино во книжарите, отколку што минатата година ги плати државата.

Од 2014 година кога се воведе Кембриџ програмата, издавачките куќи „Арс Ламина“ и „Арбериа дизајн“ оствариле највиски приходи од продажба на учебници на државата. „Арс Ламина“ има приходи од околу 18 милиони евра, додека „Арбериа дизајн“ околу 12 милиони евра, објави „360 степени“.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ дозволила овие две компании да го имаат монополот на т.н. Кембриџ-учебници, бидејќи според законот за еден наставен предмет може да се користи само еден учебник. Досега нивните договори за откуп на учебници од страна на државата само се обновуваа, а оваа година тие не ни ги започнаа преговорите со Министерството, откако им беше побаран доказ за авторски права и формула по која ја формираат цената за учебниците.

Во изминатиов период, пак, откако МОН најави реформи во образованието и воведување на дигитални учебници, овие профити се загрозени, па се поставува прашањето дали токму тие интереси стојат позади протестите против дигитализацијата во македонското образование?

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин