Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дали Дембеле го одигра своето во Барса? Чави го има последниот збор

Дали Дембеле го одигра своето во Барса? Чави го има последниот збор
Img 7972

„Шпанската серија“ наречена Усман Дембеле и Барселона, епилогот ќе го добие по завршувањето на сезоната. Францускиот репрезентативец, не го продолжи договорот и не го прифати ултиматумот да го запушти клубот.

Прашање е каков статус ќе има Дембеле кај тренерот Чави. За ситуацијата во која се наоѓа Дембеле, проговорил претседателот Џоан Лапорта.

„Ние сега градиме тим, поради тоа е многу важно да знаеме на кого можеме да сметаме наредната сезона. Не сметаме на Дембеле. Неговиот тим не сакаше да ги прифати нашите услови. Би можеле повторно да преговараме, но мислам дека тие не го сакаат тоа. Нашата понуда беше добра, неговите барања не можевме да ги исполниме. Баравме решение за последните шест месеци од договорот, побаравме да замине, тој не сакаше да го направи тоа“, рекол Лапорта и дополнил.

„Чувствувам дека тој има договор со друг клуб. Мала е веројатноста дека тој повторно ќе заигра за Барса. Секако, тренерот Чави ќе ја донесе одлуката дали ќе игра до крајот на сезоната или не“.

> Дали Дембеле го одигра своето во Барса? Чави го има последниот збор <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица